Аморим: Никој нема да ми го даде времето кое Артета го доби во Арсенал
- Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, верува дека нема да му се даде времето, кое неговиот колега Микел Артета го доби за да го обнови тимот на Арсенал. Португалскиот стручњак ова го изјави на прес-конференцијата пред пресметката со „топџиите“ на „Олд Трафорд“ овој викенд во Премиер лигата.

Манчестер, 7 март 2025 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, верува дека нема да му се даде времето, кое неговиот колега Микел Артета го доби за да го обнови тимот на Арсенал. Португалскиот стручњак ова го изјави на прес-конференцијата пред пресметката со „топџиите“ на „Олд Трафорд“ овој викенд во Премиер лигата.
Аморим (40) пристигна во Манчестер во ноември, наследувајќи го Ерик тен Хаг како менаџер, но иако далеку од зоната за испаѓање, тимот е само 14-ти во поредокот под негово водство. До крајот на сезоната, Манчестер Јунајтед може да се бори само за трофејот во Лига Европа, додека тимот на Артета, Арсенал е практично сигурен учесник во четвртфиналето на Лигата на шампионите по победата од 7-1 над ПСВ Ајндховен во првиот осминафинален меч и се уште е во борба за титулата, освојувајќи го второто место во Премиер лигата.
-Мислам дека нема сличности меѓу мојата работа и онаа на Артета. Никој нема да ми го даде времето што го има. Во моментов треба само да го преживееме натпреварот во недела со играчите што ги имаме и следните натпревари. Нашите клубови се различни, но начинот на кој Артета се справи со ситуацијата во која се наоѓаше е инспиративен. Мислам дека нема да го имам времето што го имаше, изјави тој.
Португалецот додаде дека постои опција во која еден од главните играчи во тимот по неговото доаѓање - Амад Диало, би можел да се врати пред крајот на сезоната. Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска моментално лекува повреда на скочниот зглоб.
Сигурно аут за мечот со Арсенал се Лисандро Мартинез и Хари Мегваер, како и Џони Еванс, Алтај Бајандир и Том Хитон. Патрик Доргу е суспендиран поради црвен картон, и исто така нема да игра против тимот од Лондон. Сепак, шанси да се најдат во групата за натпреварот имаат Коби Мајну, Мануел Угарте, Лук Шо и Мејсон Маунт, кои беа повредени и надвор од терените со повреди.
Друг проблем за Аморим може да биде очекуваниот протест на навивачите на фракцијата од „1958“ против сопствениците, семејството Глејзер.
-Сите сме во тешка ситуација во клубот. Сите проблеми се собраа. Единственото нешто што можам да го направам и играчите е да се претстават добро и да победуваат. Но, мојата работа и работата на тимот е да се надоврзам и да им дадам нешто на навивачите за да ги направи среќни. Тие го заслужуваат тоа бидејќи се неверојатни, заклучи португалскиот стручњак. дс
Фото: Принтскрин