• сабота, 05 октомври 2024

Амнести интернешнал: Израел ги мачеше Палестинците од Газа

Амнести интернешнал: Израел ги мачеше Палестинците од Газа

Газа, 18 јули 2024 (МИА) - Организацијата за човекови права Амнести интернешнал (АИ) денеска ги обвини израелските власти дека приведуваат и мачат Палестинци од Газа без можност за контакт со нивните семејства и адвокати.

АИ интервјуираше 27 поранешни палестински затвореници, вклучително и 14-годишно момче, кои рекоа дека биле држени според израелскиот закон до четири и пол месеци без обвинение, судење или пристап до адвокати и семејства.

Цитирајќи ја израелската организација за човекови права Хамокед, АИ рече дека 1.402 Палестинци се задржани од 1 јули оваа година според законот. Ова е најголем број од почетокот на војната, пред повеќе од девет месеци, според податоците на Хамокеда.

Организацијата рече дека законот и дозволува на израелската војска да го приведува секој осомничен за вмешаност во воените дејствија или ако смета дека тие се безбедносна закана, и дека притворот може да се продолжи на неодредено време без презентирање докази.

Организацијата соопшти дека сите поранешни затвореници кои биле интервјуирани рекле дека биле мачени или подложени на друго малтретирање во притвор. мс/

фото: МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан