• четврток, 26 декември 2024

Американците испраќаат 613 олимпијци во Токио

Американците испраќаат 613 олимпијци во Токио
  Њујорк, 14 јули 2021 (МИА) – Соединетите Американски Држави (САД) на Олимпијадата во Токио ќе ги претставуваат 613 спортисти, што е втора најбројна американска делегација во историјата по Игрите во Атланта 1996 на кои настапија 648 Американци. Американската олимписка делегација во Токио ја сочинуваат 329 спортистки и 284 спортисти, кои ќе настапат во вкупно 44 дисциплини. Најстариот спортист, кој во Токио ќе настапи под американското знаме, е 57 – годишниот јавач Филип Дутон, кому ова ќе му бидат седми Олимписки игри, додека најмладата американска олимпијка е 15-годишната пливачка Кети Гримс. САД имаше рекордна жетва на медали на последната Олимпијада во Рио де Женеиро во 2016 година, со 46 златни, 37 сребрени и 38 бронзени медали. ег/

Остани поврзан