• среда, 18 декември 2024

Американски товарен брод е пловилото погодено со проектил близу Јемен

Американски товарен брод е пловилото погодено со проектил близу Јемен

Лондон, 15 јануари 2024 (МИА) - Британската компанија за поморска безбедност Амбри соопшти дека бродот погоден со проектил во близина на јужниот брег на Јемен бил товарен брод во сопственост на САД.

Според Амбри, нападот „ги таргетирал интересите на САД како одговор на американските воени напади врз воените позиции на Хутите во Јемен“.

Амбри известува дека избувнал пожар на американскиот брод кој пловел под знаме на Маршалските Острови, но тој и понатаму е во пловна состојба и нема повредени.

Се наведува и дека бродот е „оценет дека не е поврзан со Израел“.

Безбедносната агенција за поморски трговски операции на Обединетото Кралство претходно соопшти дека капетанот на брод пријавил дека „„левата страна на бродот била погодена одозгора со проектил“.“ во близина на јужниот пристанишен град Аден во Јемен.

Британската Агенција за поморски трговски операции (УКМТО) претходно соопшти за новиот сериозен инцидент во Црвеното Море. УКМТО, која ги надгледува водите на Блискиот Исток, соопшти дека нападот се случил на околу 110 милји (177 километри) милји југоисточно од Аден. ссм/

фото: архива

Остани поврзан