• среда, 18 декември 2024

Американски суд го потврди законот што може да го забрани „ТикТок“

Американски суд го потврди законот што може да го забрани „ТикТок“

Вашингтон, 6 декември 2024 (МИА) - Американски сојузен суд ја потврди уставноста на законот кој може да доведе до забрана на платформата „ТикТок“ во САД, соопшти денеска Апелацискиот суд во округот Колумбија.

Судот пресуди дека законот бара „ТикТок“ да ги прекине врските со матичната компанија „Бајтденс“ од Кина или да биде забранет почнувајќи од 19 јануари. Одлуката дојде откако компанијата тврдеше дека забраната е спротивна на Уставот на САД и слободата на говор.

Во меѓувреме, новоизбраниот претседател Доналд Трамп, кој се обиде да го забрани „ТикТок“ во својот прв мандат, изјави дека сега е против забраната и ќе работи на „зачувување на социјалните медиуми“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан