• четврток, 26 декември 2024

Американски сенатори постигнаа договор за усвојување построг закон за оружје

Американски сенатори постигнаа договор за усвојување построг закон за оружје

Вашингтон, 22 јуни 2022 (МИА) - Група американски сенатори од двете партии постигнаа договор за нов закон со кој се воведува построга контрола врз купувањето и поседувањето оружје, што значи дека Сенатот потенцијално би можел да го усвои до крајот на неделата. 

Група сенатори почна да подготвува построги прописи по масакрите во Бафало и Тексас. Тој предлог-закон го поддржаа 14 републиканци, 48 демократи и двајца независни сенатори, така што има доволно мнозинство да го помине процедуралниот дел и да се стави на гласање. 

Иако предлог-законот не ги содржи сите ограничувања што би сакале демократите, како забрана за продажба на автоматско оружје, договорот со републиканците за ова прашање е историски. 

Законот предвидува потемелни безбедносни проверки за најмладите купувачи на оружје, построги услови за трговците со оружје и повеќе пари за државите и локалните власти за подобрување на безбедноста на училиштата и лекување на проблеми со менталното здравје. 

Вкупната вредност на новиот законски предлог се проценува на околу 15 милијарди долари. паг/

Остани поврзан