• сабота, 23 ноември 2024

Американски сенатори одбија барања за отповикување на секретарот за внатрешна безбедност Мајоркас

Американски сенатори одбија барања за отповикување на секретарот за внатрешна безбедност Мајоркас

Вашингтон, 18 април 2024 (МИА) - Американските сенатори одбија две барања за отповикување на секретарот за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас.

Предлозите за импичмент беа изгласани од републиканското мнозинство во Претставничкиот дом на САД во февруари, поради обвинувањата за „намерно и систематско одбивање на Мајоркас да го почитува законот“, на што се спротивставија демократите, тврдејќи дека повиците за импичмент биле политички мотивирани.

Така, републиканското мнозинство во Претставничкиот дом минатиот месец ги усвои барањата што вчера не ги исполни демократското мнозинство во Сенатот, и во двата случаи гласајќи строго по партиска линија, пренесува Си-Би-Ес Њуз. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан