• недела, 10 ноември 2024

Американски носач на авиони пристигна во Јужна Кореја

Американски носач на авиони пристигна во Јужна Кореја

Бусан, 22 јуни 2024 (МИА) - Американскиот носач на авиони на нуклеарен погон „Теодор Рузвелт“ денеска пристигна во јужнокорејскиот пристанишен град Бусан на заеднички воени вежби овој месец со земјата домаќин и Јапонија, соопшти јужнокорејската морнарица.

Лидерите на трите земји се договорија за вежбите минатата година во август на Самитот во Кемп Дејвид.

За време на вежбата, морнариците на трите земји ќе вежбаат поморска и противподморничка војување, како и противвоздушна одбрана, изјави американскиот контраадмирал Кристофер Александер.

„Намерата е да се подобри интероперабилноста на нашите морнарици и да се обезбеди нашата подготвеност да одговориме на каква било криза или непредвидени ситуации“, им рече тој на новинарите, додавајќи дека носачот „Рузвелт“ ќе биде команден брод на вежбата.

Минатата година трите земји веќе одржаа заеднички воени вежби поради заканите од Северна Кореја. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан