• сабота, 28 декември 2024

Американски национален центар за урагани: Милтон зајакна до ураган од петта категорија

Американски национален центар за урагани: Милтон зајакна до ураган од петта категорија

Мајами, 7 октомври 2024 (МИА) - Ураганот Милтон се засили во ураган од петта категорија од скалата Сафир-Симпсон, соопшти денеска американскиот Национален центар за следење урагани.

Според извештаите, ветровите предизвикани од ураганот Милтон достигнуваат и до 257 км/ч, што го надмина прагот за петта категорија на урагани, јавија американските медиуми.

Според Националниот центар за урагани ќе биде погоден западниот брег на Флорида до средината на неделата, веројатно в среда. зш/

Остани поврзан