• четврток, 26 декември 2024

Американски медиуми: Русија ќе го ослободи Гершкович во голема размена на затвореници со Запад

Американски медиуми: Русија ќе го ослободи Гершкович во голема размена на затвореници со Запад

Вашингтон, 1 август 2024 (МИА) - Американскиот новинар, Еван Гершкович и поранешниот американски маринец, Пол Вилан се очекува да бидат ослободени од Русија како дел од една од најголемите размени на затвореници Исток-Запад од Студената војна, јавија денеска американските медиуми.

Си-Ен-Ен и други американски мрежи ја објавија информацијата, а Еј-Би-Си Њуз јави дека во размената се вклучени многу земји и Русија.

Засега нема потврда од американски официјални лица. Кремљ одби да коментира за каква било размена.

-Се уште немам коментар на таа тема, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Новинарот на „Волстрит џурнал“ Гершкович (32) беше приведен во март 2023 година и осуден во јули под обвинение за шпионирање во судење што САД го осудија како измама. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан