• сабота, 23 ноември 2024

Американски војници испратени како засилување во случај на евакуација на Амбасадата во Судан

Американски војници испратени како засилување во случај на евакуација на Амбасадата во Судан

Вашингтон, 20 април 2023 (МИА) – Американското Министерство за одбрана денеска соопшти дека испратило дополнителни војници во регионот на Судан за да се олесни можната евакуација на персоналот на Амбасадата поради судирите меѓу армијата и паравоените сили во Картум.

- Испраќаме дополнителни сили во регионот со цел да се обезбеди и олесни евентуалното заминување на персоналот на американската Амбасада од Судан, доколку околностите се такви, се вели во соопштението на Пентагон во кое не е прецизиран бројот на војници испратени во регионот.

Веќе шест дена се водат смртоносни борби меѓу суданската армија и паравоените единици предводени од двајца ривалски генерали, особено во главниот град Картум.

Повеќе од 300 цивили се убиени од саботата.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска повика на прекин на огнот во Судан „најмалку три дена“ поради празнувањето на Рамазан Бајрам, кој го означува крајот на месецот на муслиманскиот пост. јт/

Фото: Пентагон скриншот

Остани поврзан