• недела, 24 ноември 2024

Американски воен хеликоптер се урна во јапонско оризово поле

Американски воен хеликоптер се урна во јапонско оризово поле

Токио, 3 август 2024 (МИА) - Американски воен хеликоптер се урна денеска во оризово поле во Јапонија, соопшти јапонската јавна телевизија Ен Ејч Кеј (NHK).

Инцидентот се случил во префектурата Канагава, на југозапад од главниот град на земјата Токио, прецизира телевизискиот канал.

Нема повредени при хеликоптерската несреќа, додаде Ен Ејч Кеј, цитирајќи изјава на локалната противпожарна служба. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан