• среда, 25 декември 2024

Американските трупи се подготвуваат да го напуштат Ирак, барем делумно

Американските трупи се подготвуваат да го напуштат Ирак, барем делумно

Вашингтон, 27 септември 2024 година - САД синоќа соопштија дека постигнале договор со Владата на Ирак да ја завршат воената мисија на коалицијата против групата Исламска држава до следната година.

Американските војници се подготвуваат да напуштат некои бази каде што се во земјата веќе две децении.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден одби да каже колку од околу 2.500 американски војници ќе останат таму или да потврди дека целосното повлекување од Ирак е неизбежно.

„Можеме да се каже дека ќе се промени нашето присуство таму“, рече заменик-секретарот за медиуми на Белата куќа, Сабрина Синг.

Американските бази беа редовно мета на милициите поддржани од Иран во последниве години. Тие напади се интензивираа минатата година и оваа пролет по избувнувањето на војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Газа пред речиси една година.

Ирачките власти со години повремено повикуваат на повлекување на коалициските сили, а официјалните разговори за намалување на американското присуство траат со месеци.

Американските претставници изјавија дека веќе се започнати подготовките мисијата на коалицијата против Исламската држава да заврши до крајот на септември 2025 година и војниците да напуштат некои бази. Во втората фаза, САД ќе продолжат да дејствуваат од Ирак до крајот на 2026 година во операциите против Исламската држава во Сирија.

Од друга страна, американската воена мисија ќе прерасне во билатерални безбедносни односи, рекоа американски официјални претставници, но не прецизираа колку американски војници ќе останат во Ирак. паг/

Фото: МИА архива


 

 

 

Остани поврзан