• среда, 25 декември 2024

Американските пристанишни работници го прекинаа тридневниот штрајк

Американските пристанишни работници го прекинаа тридневниот штрајк

Вашингтон, 4 октомври 2024 (МИА) - Работниците во американските пристаништа на Источниот брег и на Мексиканскиот Залив го прекинаа големиот тридневен штрајк, кој претставуваше закана за трговијата и економијата.

Синдикатот на пристанишни работници (ILA) во соработка со Поморската алијанса на САД (USMX) објавија дека договорот меѓу двете страни е продолжен до 15 јануари.

Работниците ќе се вратат на работа денеска, додека преговорите за долгорочен договор ќе продолжат. Договорот вклучува зголемување на платите за 62 отсто во наредните шест години.

Претседателот на САД, Џо Бајден, го поздрави овој договор, нагласувајќи дека е направен клучен напредок за економската стабилност. ссм/

фото: архива

Остани поврзан