• четврток, 26 декември 2024

Американските астронаути со Драгон слетаа во океан

Американските астронаути со Драгон слетаа во океан

Вашингтон, 3 август 2020 (МИА) - Американските астронаути Даг Харли и Боб Бенкен, кои летаа до Меѓународната вселенска станица со вселенскиот брод Драгон, вчера слетаа во море во близина на брегот на Мајами.

Тоа беше прв американски лет со екипаж од територијата на САД во изминатите девет години. Успешното слетување беше последен клучен тест за вселенското летало на милијардерот Илон Маск, основач на компанијата Спејс Икс.

Американската вселенска агенција (НАСА) и нејзиниот комерцијален партенр Спејс Икс одлучија капсулата да слета што подалеку од ураганот Исаја, поради што е избран Мексиканскиот Залив за слетување.

Последен пат на овој начин слета Аполо леталото, кое атерира во Пацификот по средбата со советското летало Сојуз во Вселената пред 45 години.

Харли и Бенкен на Меѓународната всленска станица пристигнаа кон крајот на мај. Нивното полетување во ракета Фалкон 9 на компанијата Спејс Икс го означи почетокот на нова ера на патување во Вселената.

НАСА одлучи повеќе да не поседува и да управува со опрема за транспорт на екипаж во ниската орбита на Земјата, туку услугите да ги купува од комерцијалните партнери. Спејс Икс е прва компанија која пружа такви услуги, а нејзината технологија, вклучително и ракетата Фалкон 9 може да се користи повеќепати. ми/

Остани поврзан