• среда, 19 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Американските астронаути се вратија дома по непланираниот деветмесечен престој што требаше да трае осум дена

Американските астронаути се вратија дома по непланираниот деветмесечен престој што требаше да трае осум дена

Талахаси, 19 март 2025 (МИА) - Санита - Сани Вилијамс и Бери - Буч Вилмор официјално се дома. Американските астронаути безбедно се вратија на Земјата, сношти - на 18 март, по продолжениот деветмесечен престој во Вселената. Нивното патување назад доаѓа откако заедничка екипа на НАСА и „Спејс-Икс“ однесе четворица нови астронаути - две жени од Соединетите Американски Држави, и по еден космонаут од Јапонија и Русија, на Меѓународната вселенска станица на 16 март, за да ги заменат двајцата што заминуваа.

Сани (59) и Буч (62) се качија на капсулата „Драгон“ (Dragon), и ракетата „Кру-10“ (Crew Dragon) на „Спејс-Икс“ (SpaceX), заедно со другиот астронаут на НАСА Ник Хејг и рускиот космонаут Александар Горбунов, и слетаа во водата близу брегот на Флорида, по нивното 17-часовно патување. 

Вилмор и Вилијамс отидоа на МВС лани во јуни - како прв екипаж на вселенското летало „Боинг старлајнер“, и како дел од првично предвидената осумдневна пробна мисија. Но, поради технички проблеми со нивното вселенско летало, нивната мисија на МВС беше продолжена и тие останаа таму девет месеци. Следат медицински прегледи пред на вратените космонаути да им биде дозволено да се вратат и кај своите семејства.

Во мигов, на МВС се на должност Американецот Дон Петит, Русите Алексеј Овчанин и Иван Вагнер, како и новодојдените со „Кру-10“ - Ен Мекклејн, Никол Ејерс, Кирил Песков и Такуја Ониши.  си/ссм/

Фото: ЕПА

Остани поврзан