• четврток, 05 март 2026

Американскиот Сенат денеска ќе гласа за војната против Иран

Американскиот Сенат денеска ќе гласа за војната против Иран

Вашингтон, 4 март 2026 (МИА)  - Американскиот Сенат денеска ќе гласа за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да почне конфликт со Иран, објавија американските медиуми изнесувајќи ја процената дека ова е првпат дел од Конгресот формално да го разгледа правото на воена акција во овој конфликт.

Резолуцијата за воените овластувања им дава право на законодавците да бараат одобрение пред да продолжување на воената акција.

Сличен закон се разгледува и во Претставничкиот дом, но двата предлога имаат мали шанси да поминат во републиканскиот Конгрес и Трамп веројатно би ги отфрлил и доколку бидат усвоени, истакнуваат американските медиуми.

Гласањето е означено како клучен момент за законодавците бидејќи одлуките за петдневниот конфликт - во кој Трамп влезе без одобрение од Конгресот - би можеле да ги одредат судбината на американските трупи, регионалната стабилност и животите на илјадници цивили.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, предупреди дека „војните без јасни цели не остануваат мали“ и оцени дека овој конфликт е „војна по избор“.

Претставници на администрацијата на Трамп се обидуваат да ги уверат законодавците дека ситуацијата е под контрола, истакнуваат американските медиуми.

Речиси сите републикански сенатори планираат да гласаат против резолуцијата, а некои сè уште се двоумат за евентуалното распоредување копнени трупи во Иран.

Лидерите на Претставничкиот дом се подготвуваат за интензивна дебата и гласање утре, објавија американските медиуми.сд/јт/

Фото:МИА архива

Остани поврзан