• вторник, 24 декември 2024

Американскиот Сенат го блокираше нацрт-законот за стопирање на продажбата на оружје на Израел

Американскиот Сенат го блокираше нацрт-законот за стопирање на продажбата на оружје на Израел

Вашингтон, 21 ноември 2024 (МИА) - Американскиот Сенат го отфрли предлог-законот за суспендирање на продажбата на оружје на Израел, што беше поднесен поради загриженоста за кршењето на човековите права на Палестинците во Газа.

Седумдесет и девет од 100 сенатори гласаа „против“ резолуцијата со која би се суспендирала продажбата на тенковска муниција на Израел, додека 18 сенатори гласале „за“, а еден воздржан, објавија британските медиуми.

Сите гласови „за“ дојдоа од демократите, додека гласовите „против“ беа и од демократите и од републиканците.

Доколку предлог законот беше одобрен, тоа ќе претставуваше голем пресврт во повеќедецениската поддршка што американскиот Конгрес му ја дава на Израел, кој со години е најголемиот примател на американска воена помош.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан