• сабота, 23 ноември 2024

Американскиот секретар за одбрана го повика Израел да го спречи насилството на доселениците на Западниот Брег

Американскиот секретар за одбрана го повика Израел да го спречи насилството на доселениците на Западниот Брег

Вашингтон, 8 декември 2023 (МИА) - Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин телефонски разговарал со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, барајќи од него да го спречи насилството што го вршат доселениците на окупираниот Западен Брег.

Според соопштението на Пентагон, Остин го повикал Галант за да дознае за кампањата на Израел со која сака да се осигура дека Хамас „повеќе нема да може да ја користи Газа за да ја загрози безбедноста на Израел“. Остин ја истакнал својата поддршка за правото на Израел да се брани од тероризмот по нападот на палестинската група на 7 октомври.

Остин повика и на „зголемени напори за заштита на цивилите во Газа, зголемување на испораката на хуманитарна помош и спречување на насилството на екстремистичките доселеници на Западниот Брег“.

Најмалку 17.177 Палестинци се убиени, а повеќе од 46.000 се повредени во жестоките воздушни и копнени напади врз Појасот Газа од 7 октомври.

Остин изрази загриженост поради смртоносната прекугранична размена меѓу израелската војска и либанскиот Хезболах во текот на неделата.

Во соопштението се наведува и дека тој го осудува зголемувањето на агресијата на припадниците на движењето Хути во Црвеното Море, што ја загрозува слободата на пловидба и слободната трговија.

По нападот на движењето Хути врз американскиот воен брод во Аденскиот Залив, американскиот министер за одбрана разговараше и со саудискиот министер за одбрана Калид бин Салман Ал Сауд во врска со заканата на движењето Хути за „слободата на навигација во Црвеното Море“. .

Пентагон наведува дека Остин ја пренел својата желба да работи со сите нации кои имаат заеднички интерес за одржување на принципот на слобода на навигација и обезбедување безбеден премин за глобалното поморство. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан