• четврток, 26 декември 2024

Американскиот новинар Еван Гершкович на второ рочиште за обвиненијата за шпионажа

Американскиот новинар Еван Гершкович на второ рочиште за обвиненијата за шпионажа

Екатеринбург, 18 јули 2024 (МИА) - Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович денеска се појави пред судот во Екатеринбург на второ рочиште за обвиненијата за шпионажа, соопшти судот.

Гершкович, неговиот весник и американската влада ги негираат наводите.

Гершкович е обвинет дека собирал доверливи информации по наредба на ЦИА, во врска со фабриката за тенкови „Уралвагонзавод“, која се наоѓа на околу 150 километри од Екатеринбург.

Судењето не е отворено за јавноста. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан