• среда, 25 декември 2024

Американскиот новинар Гершкович во четврток повторно пред руски суд

Американскиот новинар Гершкович во четврток повторно пред руски суд

Москва, 16 јули 2024 (МИА) - Новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, во четврток ќе се појави на суд на второто рочиште на неговото судење за обвиненијата за шпионажа што тој, неговиот работодавaч и американската влада жестоко ги негираат.

Судењето, кое не е отворено за јавноста, се одржува во Екатеринбург, градот каде Гершкович беше уапсен додека бил на службен пат.

На првото рочиште минатиот месец, судот второто го закажа за средината на август. Меѓутоа, адвокатите на Гершкович поднесоа барање второто рочиште да се одржи порано, објавија денеска руските медиуми, повикувајќи се на судски претставници.

Работодавачот на Гершкович и американски официјални лица изјавија дека „судењето е наместено и нелегитимно“. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан