• среда, 25 декември 2024

Американскиот Конгрес во новиот состав со рекорден број на жени 

Американскиот Конгрес во новиот состав со рекорден број на жени 

Вашингтон, 23 ноември 2020 (МИА) Идната година, жените-претставнички во американскиот Конгрес ќе состават повеќе од четвртина од вкупниот број на членови, што е рекорд во американската историја, воден од зголемениот број победи на републиканки на изминатите избори. 

Додека на изборите во 2018 година Демократската партија го водеше трендот со рекорден број жени-демократки во Конгресот, годинава тој број е поддржан од народните претставнички од „големата стара пратија“ (ГОП), како што уште е позната Републиканската партија.  

Од 22 републиканки колку што се во сегашниот состав, идната година во Сенатот или во Претставничкиот дом ќе има 35 жени,. Деветнесетмина се претставнички кои првпат влегуваат во Конгресот, со голем број победи и одземени места од демократските соперници. 

Според Ен-би-си, од јануари 2020 година, Републиканската партија ќе ја има Елис Стефаник од Њујорк, најмладата жена републиканка досега избрана за во Конгресот; ќе ја има Мери Милер, републиканка од Илиниос со 16 внуци; потоа, Ким Јанг од Калифорнија, првата избрана корејско-американска републиканка, два ќерки од семејства на кубански емигранти од Флорида и Стефани Бајс од Оклахома, првата избрана иранско-американска републиканка. 

Од друга страна, од следната година ќе има три пати повеќе демокртски преставнички во Конгресот, од кои 89 ќе бидат во Претставничкиот дом а 16 во Сенатот.  

Така, претставничкото тело од понежниот пол во Конгресот од 2021 година ќе биде 27 проценти од вкупниот број од 535 членови (сега е 23 проценти), или на секоја една Американка народан избраник ќе има околу четири мажи конгресмени. кб/  

Остани поврзан