• петок, 27 декември 2024

Американскиот кинематографер Лоренс Шер во Битола ја претстави платформата Шотдек

Американскиот кинематографер Лоренс Шер во Битола ја претстави платформата Шотдек

Битола, 25 септември 2023 (МИА) - Американскиот кинематографер Лоренс Шер на промотивен настан „Разговор со пријателите“ што се одржа во кино „Манаки“ во Битола, ја престави платформата Шотдек.

Шер, кинематографер на легендарните филмови „Џокер“, „Гарден стејт“ и на „Диктаторот“, ја презентираше неговата авторска платформа Шотдек, која е најголемата светска база на податоци за кинематографски слики, основана во 2014 година и е направена од филмски работници за филмски работници.

-Сите папки кои ги имав на десктоп од 2015 година, сега се на Шотдек. Ова е славење на филмовите. Еве на пример, овде во секоја сцена има експлозија. Ова се прекрасни фотографии од процесот на правење филм. Можете да пребарате и снимки, рече Шер, презентирајќи материјали кои ги има на платформата. 

Лоренс Шер е меѓу специјалните гости на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.мт/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан