• недела, 24 ноември 2024

Американскиот емисар за Балканот, Касаноф в четврток ќе го посети Косово

Американскиот емисар за Балканот, Касаноф в четврток ќе го посети Косово

Приштина, 8 октомври 2024 (МИА) – Амбасадата на Соединетите Американски Држави потврди денеска дека заменик-помошникот државен секретар и нов американски емисар за Западен Балкан, Александар Касаноф задутре, (четврток, 10 октомври) ќе го посети Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Касаноф, според изјавата на Амбасадата испратена до неколку медиуми, во Приштина ќе се сретне со претставници на Владата на Косово, како и со претставници на опозициските партии, на граѓанскиот сектор и бизнисите.

Американскиот дипломат денеска допатувал во Босна и Херцеговина, а по БиХ ќе престојува и во Србија.

Ова ќе биде прва посета на Касаноф откако ја презеде функцијата емисар на САД за Западен Балкан по заминувањето на Габриел Ескобар од таа функција кон средината на јули годинава. иа/

Остани поврзан