• среда, 25 декември 2024

Американскиот генерал Марк Мили разговараше со рускиот воен началник Герасимов

Американскиот генерал Марк Мили разговараше со рускиот воен началник Герасимов
Вашингтон, 24 октомври 2022 (МИА) – Генералот Марк Мили, претседател на Здружениот генералштаб на САД, и началникот на Генералштабот на руската армија Валериј Герасимов денеска телефонски разговарале, јавија светските агенции повикувајќи се на изјава на американски функционер кој сакал да остане анонимен. Изворот не дал повеќе детали. Мили и Герасимов последен пат разговараа во мај годинава. Герасимов претходно разговараше со началникот на британскиот Генералштаб Тони Радакин, кој ги отфрли тврдењата на Москва дека Украина планира да преземе активности со кои ќе го ескалира конфликтот. Британското министерство за одбрана соопшти дека „лидерите на двете армии се согласиле дека е неопходно да се држат отворени каналите за комуникација меѓу Британија и Русија, за да се избегне ризикот од погрешни проценки, но и да се овозможи деескалација“. јт/

Остани поврзан