• среда, 27 ноември 2024

Американскиот апелациски суд одобри депоратција на илјадници имигранти

Американскиот апелациски суд одобри депоратција на илјадници имигранти
Вашингтон, 15 септември 2020 (МИА) - Американскиот сојузен апелациски суд со два гласа „за“ и еден „против“ одлучи администрацијата на претседателот Доналд Трамп да може да депортираа стотици илјади имигранти кои претходно добија привремено заштита од хуманитарни причини. Со судската одлука потврдено е укинувањето на мерката за заштита на имигранти од Салвадор, Хаити, Никарагва и Судан од депортација. Администрацијата на Трамп ја укина нивната заштита со образложениое дека нивните земји сега за нив се безбедни. Со одлуката ќе бидат погодени 300.000 луѓе без државјанство и 200.000 нивни деца кои се американски државјани. ми/

Остани поврзан