• вторник, 08 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Американскиот амбасадор ја поздрави одлуката на Владата на Косово да ја олесни замената на српските возачки дозволи

Американскиот амбасадор ја поздрави одлуката на Владата на Косово да ја олесни замената на српските возачки дозволи

Приштина, 8 мај 2024 (МИА) - Американскиот амбасадор во Приштина Џеф Ховениер денеска ја поздрави одлуката на Владата на Косово да ја олесни замената на српските возачки дозволи за косовски возачки дозволи како и нивното издавање.

Тој на платформата Икс напиша дека САД ги поддржуваат оние напори кои овозможуваат понатамошна интеграција и подобрување на заедничката визија за инклузивно и мултиетничко Косово.

„САД ја поздравуваат одлуката на косовската влада да го олесни издавањето косовски возачки дозволи за сите граѓани на Косово. Ги поддржуваме напорите што овозможуваат понатамошна интеграција и унапредување на нашата заедничка визија за инклузивно, мултиетничко Косово“, напиша Ховениер.

Со одлука на Министерството за внатрешни работи на Косово, сите Срби кои живеат во Косово од 9 мај до 9 август годинава можат да ги заменат српските возачки дозволи за косовски дозволи. ссм/

Остани поврзан