• среда, 25 декември 2024

Американскиот амбасадор во Исламабад повикан да го објасни коментарот на Бајден дека „Пакистан е една од најопасните земји во светот“

Американскиот амбасадор во Исламабад повикан да го објасни коментарот на Бајден дека „Пакистан е една од најопасните земји во светот“
Исламабад, 15 октомври 2022 (МИА) - Шефот на пакистанската дипломатија Билавал Буто Зардари денесказ му возврати на  американскиот претседател Џо Бајденза коментарот дека оваа јужноазиска земја е „една од најопасните земји во светот“. Министерот Зардари кажа дека неговата канцеларија ќе го покани американскиот амбасадор на разговор, а изјавата на Бајден актуелниот премиер и двајца неговите претходници ја отфрлија како неоснована. Бајден, зборувајќи за Кина и нејзиниот лидер Си Џинпинг, пред два дена кажа дека размислува за улогата на САД во однос на Кина и нивните позиции кон Русија, Индија и Пакистан. -Како да го решиме ова во однос на тоа што се случува во Русија? И во однос на тоа што мислам дека е можеби една од најопасните земји во светот: Пакистан. Нуклеарно оружје без никаква кохезија, рече тој. Зардари денеска изјави дека за ова прашање разговарал со премиерот Шахбаз Шариф и дека одлучиле да го повикаат американскиот амбасадор да им го објасни коментарот на Бајден. -Кога Пакистан има нуклеарни средства, знае како да ги задржи и како да ги заштити, рече Зардари. Премиерот Шариф со изјава ги отфрли забелешките на Бајден, нарекувајќи ги фактички неточни. Тој кажа дека Пакистан со текот на годините се докажал како одговорна нуклеарна сила и дека неговата нуклеарна програма се управува преку технички здрав систем на команда и контрола. Тој укажа на посветеноста на Пакистан кон глобалните стандарди, вклучително и оние на Меѓународната агенција за атомска енергија. Шариф рече дека Пакистан и САД имаат долга историја на пријателски и заемно корисни односи. сд/

Остани поврзан