• четврток, 19 декември 2024

Американска премиера на „М“ на Вардан Тозија во Њујорк

Американска премиера на „М“ на Вардан Тозија во Њујорк

Скопје, 1 декември 2023 (МИА) - Македонскиот филм „М“ на режисерот Вардан Тозија денеска ја има својата премиера во САД на фестивалот „Dances with films“.

- По 25 години одржување во легендарниот Chinese Theatre во Лос Анџелес, фестивалот се сели во срцето на Њујорк, повторно на култна локација – Regal Union Square Theatre во Менхетен. Според „USA Тoday“, фестивалот се вбројува меѓу „десетте најзначајни филмски настани на северноамериканскиот континент“. Според Си-Ен-Ен, важи за „лидер во позиционирање на свежи и нови таленти на филмската индустрија“, додека Indiewire го препознава како „нашироко признаен поради откривањето на иновативниот дух и талент во независната кинематографија“, вели Невена Поповска.

Приказната на Тозија за осамено момче од шумата, кое наидува на низа предизвици и авантури, барајќи ја својата самовила, токму на официјалната селекција на овој фестивал ќе ја претставува македонската кинематографија пред американската публика.

- По премиерата, ќе се одржат дискусии меѓу режисерот и членови на индустријата, како и разговори со публиката. Светските права за дистрибуција на македонскиот филм „М“ ги поседува американската компанија OneTwoThree Media, соопштува Поповска. ир/цр

 

Фото: Невена Поповска

Остани поврзан