• среда, 25 декември 2024

Американска државна делегација и Гренел во посета на Косово, Србија, Грција и Израел

Американска државна делегација и Гренел во посета на Косово, Србија, Грција и Израел
Белград, 20 септември 2020 (МИА) - Државна делегација на САД, предводена од извршниот директор на Американската меѓународна финансиска корпорација за развој (ДФЦ), Адам Белер и Ричард Гренел, ќе ги посети Косово, Србија Грција и Израел од 20 до 25 септември за да промовира економска соработка и развој, објави ДФЦ во Вашингтон. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Белер е придружуван од специјалниот советник на претседателот на САД за Србија и Косово, амбасадорот Ричард Гренел, заменик администраторот на американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) Бони Глк, претседателката на Извозо-увозната банка на САД (EКСИМ) Кимберли Рид и други функционери на САД задолжени за енергетиката и трговијата. Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи владини претставници и лидери на приватниот сектор. Патувањето е „продолжение на историскиот договор“ меѓу Израел, Велика Британија и Бахреин и „договорот за економска нормализација на Србија и Косово“, се наведува во соопштението. ДФЦ банката за развој на САД, „ги олеснува инвестициите во приватниот сектор и нуди принципиелно финансирање како алтернатива на авторитарните режими“, се објаснува во текстот. - ДФЦ тесно соработува со УСАИД, ЕКСИМ и другите американски владини агенции „за да го промовираат развојот и да придонесат за надворешната политика на САД преку своите средства за финансирање“. Делегацијата „ќе ги зајакне стратешките инвестиции на Балканот и во Израел кои поддржуваат разновидност во набавките и ја зајакнуваат енергетската независност во Грција и поширокиот регион“, се истакнува во текстот. ДФЦ ќе ги постави темелите за отворање канцеларија во Белград за да го олесни спроведувањето на проектите што ќе го поддржат економскиот раст во регионот, се истакнува во соопштението, во кое се заклучува дека „ДФЦ и ЕКСИМ неодамна потпишаа Писма на интерес (ЛОИ) со Србија и Косово за помош во финансирањето на важни проекти наведени во договорите од 4 септември “. Како што наведуваат српските медиуми, Гренел доаѓа во Белград во вторник. об/ми/

Остани поврзан