• вторник, 24 декември 2024

Американска амбасада за средбата Мицкоски-О‘ Брајан: Потенцирана важната улога што сите политички партии треба да ја имаат за поддршка на евроинтегративниот процес

Американска амбасада за средбата Мицкоски-О‘ Брајан: Потенцирана важната улога што сите политички партии треба да ја имаат за поддршка на евроинтегративниот процес

Скопје, 30 ноември 2023 (МИА) - Американската амбасада во Северна Македонија вечерва информираше за средбата на помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О'Брајан со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. 

- О'Брајан потенцира дека САД силно го поддржува патот на Северна Македонија кон членството во ЕУ, како и важната улога што сите политички партии во земјата треба да ја имаат за поддршка на овој процес, се вели во објавата на „Фејсбук“.

Претходно, за средбата информираше и ВМРО-ДПМНЕ. бак/

Фото: Фејсбук страна на Американска амбасада

 

Остани поврзан