• недела, 24 ноември 2024

Американската филијала на Грин Машинс на „111-та годишна конференција и саем“, во организација на Лигата на општини во Тексас

Американската филијала на Грин Машинс на „111-та годишна конференција и саем“, во организација на Лигата на општини во Тексас

Скопје, 7 октовмри 2023

Софистицираните и најсовремени возила за одржување на хигиена во урбани средини на БРАКО од линијата Грин Машинс се претставија на „111-та годишна конференција и саем“ во организација на Лигата на општини во Тексас, која се одржа во Далас.

Стручниот тим од американската филијала на Грин Машинс во САД, во соработка со тим од IDS - една од најголемите компании во Тексас за снабдување со комунална опрема, пред претставниците на општините од втората по големина сојузна држава ги претставија најновите верзии на електричните модели 500 ze и 400 ze. Овие два модели се најпобаруваните од својата категорија на глобално ниво, а од страна на корисниците се оценети како исклучително ефикасни, економични и еколошки.

„Нашата компанија во САД е лоцирана во најмногубројната сојузна држава Калифорнија, каде веќе имаме испорачано возила во сите поголеми градови, а започнавме со испораки и во најголемите градови во Тексас и во други сојузни држави. Во одлично светло се претставивме и сега во Тексас, каде има преку 1200 општини и градови и сметаме дека со нашите современи машини можеме да придонесеме за уште подобар квалитет на живот на граѓаните во нивните средини“, ги пренесоа впечатоците претставниците на филијалата на Грин Машинс во САД.

Феро инвест ДОО Скопје

Фото: Феро инвест ДОО Скопје

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан