• сабота, 23 ноември 2024

Американската тајна служба ќе учествува во истрагите за пукањето на митингот на Трамп

Американската тајна служба ќе учествува во истрагите за пукањето на митингот на Трамп

Вашингтон, 15 јули 2024 (МИА) - Американската тајна служба денеска соопшти дека ќе учествува во истрагите што ги најавија претседателот Џозеф Бајден и членови на Конгресот, откако нејзините агенти не успеаја да спречат напаѓач да пука и да го рани поранешниот претседател Доналд Трамп на митинг во Пенсилванија во саботата.

Директорката на Тајната служба, Кимберли Читл изјави дека агенцијата ја зголемува безбедноста на републиканскиот претседателски кандидат Трамп и на републиканската национална конвенција во Милвоки, што почнува денеска.

„Уверена сум во безбедносниот план воспоставен од нашиот републикански Национален координатор на конвенцијата и нашите партнери, што го разгледавме и зајакнавме по пукањето во саботата“, се нагласува во соопштението на Читл. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан