• вторник, 24 декември 2024

Американската амбасадорка во Тирана во заминување, станува број два во Стејт департментот

Американската амбасадорка во Тирана во заминување, станува број два во Стејт департментот

Тирана, 18 јуни 2023 (МИА) – Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, е назначена за заменик помошник главен секретар за европски прашања, што е најважната функција во Стејт департаментот по државниот секретар, јавија албанските медиуми.

Дипломатката Ким официјално ќе ја преземе новата функција од 10 јули.

Таа е на крајот од амбасадорскиот мандат во Тирана и се очекува да биде заменета со дипломатот од кариера Дејвид Џ. Костеланчик, кој служеше во Амбасадата на САД во Албанија во раните 90-ти, во политичката канцеларија и добро го владее албанскиот јазик.

Тој во моментот работи како советник за надворешна политика на началникот на Генералштабот на САД, генерал Марк Мили. Претходно беше заменик-шеф на мисијата и две години вршител на должност во Амбасадата на САД во Будимпешта, Унгарија.

Костеланчик двапати беше дел од Амбасада на САД во Москва, а служел и во мисиите на САД во ОБСЕ и НАТО, како и во Анкара, Турција.

Дипломатот Костеланчик, по потекло од државата Илиноис, дипломирал на Универзитетот Нортвестерн во оваа држава. Тој, исто така, има две магистерски дипломи од Националниот воен колеџ и Универзитетот во Мичиген. Зборува руски, унгарски, албански и турски јазик. вт/ми/

Остани поврзан