• недела, 24 ноември 2024

Американките сѐ поретко се одлучуваат на бременост

Американките сѐ поретко се одлучуваат на бременост
Лос Анџелес, 26 јуни 2020 (МИА) - Поради коронавирусот, жените во САД сѐ поретко и сѐ помалку се одлучуваат на бременост и раѓање, посочуваат новите истражувања. Во истовреме, испитувањата покажуваат дека на многу жени им е отежнат пристапот до контрацептивни средства периодов. - Со воведување на мерките на ограничување, за релативно кратко време, пандемијата влијаеше на мислењето на многу жени, во однос на нивните одлуки за тоа кога би сакале да станат мајки и колку деца сакаат да имаат, смета д-р Лора Линдберг. Истражувањето опфати околу 2.000 сексуално активни жени. Анкетата е спроведена во првата недела од мај годинава, кога речиси цел свет беше во домашна изолација. Една третина од испитаничките укажале стремеж за одложување на планираната бременост или за помал број деца. Тоа, особено кај жените од американските малцинства, честопати поради финансиски проблеми. А, многу од жените, без оглед на која општествена група припаѓаат припаѓаат, посочија дека се соочуваат со потежок пристап до контрацепција. Поради пандемијата, истите проблеми се јавуваат и кога жените сакаат да одат на лекар. Овој тренд би можел да доведе до опаѓање на наталитетот, сметаат научниците.  си/сд/

Остани поврзан