• вторник, 12 ноември 2024

Американка ќе наследи над милион долари од момчето со кое раскинала пред 30 години

Американка ќе наследи над милион долари од момчето со кое раскинала пред 30 години

Лос Анџелес, 13 јyни 2024 (МИА) - Американката Маргарет Лосинџер ќе наследи над милион долари од пензискиот фонд на момчето со кое се гледала пред повеќе од 30 години, според првичната одлука на Судот.

Лосинџер во 1987., на свои 31 година, била во врска со Џефри Ролисон кога тој во рачно напишаниот тестамент, ја именувал како единствена корисничка на неговите пензиски заштеди. Според судските документи, откако Џефри и Маргарет стапиле во врска, почнале да живеат заедно, но бракот не се случил бидејќи тој не бил подготвен. Таа сакала брак и деца, па ја прекинала врската и си заминала. Подоцна се омажила и добила деца, додека Ролисон имал долгогодишен партнер, пишува „Волстрит журнал“ (Wall Street Journal).

Откако Ролисон починал на 59-годишна возраст, неговите браќа го наследиле имотот. Но, се изненадиле од статусот на неговата поранешна девојка.

Маргарет, имено, ќе ги наследи сите негови заштеди од 1,15 милиони долари од пензискиот фонд. Браќата и сестрите на починатиот го оспориле тоа побарување на суд, но изгубиле. Поднесена е и жалба на таа одлука бидејќи тужителите сметаат дека тоа не било намера на починатиот, туку само невнимание.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан