• среда, 13 ноември 2024

Американка по две години во кома, се разбудила посочувајќи го брат ѝ како напаѓач

Американка по две години во кома, се разбудила посочувајќи го брат ѝ како напаѓач

Лос Анџелес, 18 јули 2022 (МИА) - Жена од Западна Вирџинија се разбудила од двегодишна кома откако била брутално нападната и го идентификувала нејзиниот брат како напаѓачот.

Ванда Палмер била згрижена во установа за трајна нега во Њу Мартинсвил, Западна Вирџинија, САД, откако била претепана во нејзиниот дом во јуни 2020 година. Кога Палмер била пронајдена, шерифот на Округот Џексон, Рос Мелинџер изјави дека таа била толку дивјачки нападната што надлежните помислиле дека е мртва. Установата за нега ги контактирала властите минатата недела. Даниел Палмер, братот на Ванда, е уапсен откако е идентификуван како напаѓач, објави „Метро њуз“. - Тој не пружаше никаков отпор и сл. Беше малку изненаден, но не целосно, изјави Мелинџер во врска со апсењето. Според надлежните, наводно, Даниел ја нападнал својата сестра со мачета или мала секира. Тој е уапсен под сомнение за обид за убиство и злонамерно повредување.   си/

Остани поврзан