• среда, 18 декември 2024

Американка објави самослик по породувањето и веднаш стана интернет-хит

Американка објави самослик по породувањето и веднаш стана интернет-хит
Лос Анџелес, 24 јануари 2020 (МИА) - По своето прво породување, додека сè уште лежи во креветот, една Американка веднаш објави самослик. Очекувано, таа е насмеана „од уво до уво“, но фотографијата не стана интернет-хит само поради тоа. На сликата се гледа како сопругот на жената лежи онесвестен покрај нејзиниот кревет, додека медицинската сестра го држи нивното бебе. Најверојатно, мажот паднал од возбуда откако му го покажале новороденчето. си/сд/

Остани поврзан