• четврток, 26 декември 2024

Американец убиен во борбите во Украина

Американец убиен во борбите во Украина
Вашингтон, 13 октомври 2022 (МИА) - Државјанин на САД бил убиен во борбите во Украина. Во изјава за „Еј-би-си њуз“, загинувањето на Дејн Партриџ го потврди неговата сестра. Портпарол на Стејт департментот потврдил оти државјанин на САД загинал во источниот регион Донбас. - Ние сме во контакт со семејството и ја обезбедуваме сета соодветна помош. Поради почит кон приватноста на семејството во ова тешко време, немаме што да додадеме, изјави портпаролот. Стејт департментот не соопшти како настапила смртта. бд/зш/

Остани поврзан