• сабота, 23 ноември 2024

Американец освои 1,28 милијарда долари на лото, но веднаш може да добие само третина

Американец освои 1,28 милијарда долари на лото, но веднаш може да добие само третина

Чикаго, 4 август 2022 (МИА) - Американец од сојузната држава Илиноис, освои 1,28 милијарда долари на лотаријата „Мега милиони“, погодувајќи шест бројки, но одеднаш може да добие само третина од сумата, објави „Блумберг“.

Победникот, кој претпочита да остане анонимен, може да ја добие целата сума на наградата само доколку се согласи на годишна рата - за 29 години. Според правилата на лотаријата, само дел од добивките се издаваат во готово и веднаш, во овој случај - 780,5 милиони долари. Оваа сума исто така подлежи на данок, така што конечната исплата на победникот е само 433,7 милиони долари. Според наводите, ова е втора по големина премија од основањето на лотаријата во 1996 година.  си/сд/

Остани поврзан