• сабота, 23 ноември 2024

Американец во својот дом убил двајца полицајци, а петмина ранил

Американец во својот дом убил двајца полицајци, а петмина ранил

Вашингтон, 1 јули 2022 (МИА) -  Американецот Ленс Сторц од Кентаки заврши во притвор откако синоќа убил двајца и повредил неколку други полицајци.

Инцидентот се случил во неговиот дом, каде тој се забарикадирал и оттаму почнал да пука врз полицаците. Како што пренесува Еј-Би-Си,  пукањето се случило во округот Флојд, синоќа околу 18:44 часот по локално време. Според извештајот за апсење, Сторц бил вооружен со пушка и испукал повеќе куршуми кон полицајците околу неговиот дом, при што убил двајца од нив и едно полициско куче. Полицајците дошле во куќата на Сторц поради пријава за семејно насилство. Ранети се петмина полицајци и директорот на Управата за вонредни состојби. Идентитетот на убиените полицајци се уште не е соопштен.
Сторц е во притвор по повеќе обвиненија, вклучувајќи и за убиство на полицаец и обид за убиство на полицаец. Тој, меѓутоа, се изјасни за невин и судијата го задржа во притвор со кауција од 10 милиони долари. сд/

Остани поврзан