• недела, 24 ноември 2024

Американец во кома по 20.000 убоди од „пчели убијци“

Американец во кома по 20.000 убоди од „пчели убијци“
Колумбус, 1 септември 2022 (МИА) - Дваесетгодишен Американец е во кома по 20.000 убоди од „пчели убијци“, информираше неговото семејство. Остин Белами е на респиратор и во индуцирана кома во болница во Синсинати, Охајо, јави телевизијата Фокс 19. Американецот несакајќи исекол кошница од пчели убијци, нарекувани и африкански пчели, што важат за доста агресивни. Пчелите ги нападнале и неговите баба и вујко, кои биле во близина, па не можеле да му помогнат. Момчето голтнало околу 30 пчели. Инцидентот се случил во петокот наутро, а медицински лица ги ваделе пчелите до неделата. Здравствените работници веруваат дека момчето целосно ќе закрепне. бд/сд/

Остани поврзан