• недела, 24 ноември 2024

АМБИКОН заврши со мерењето на квалитетот на воздухот во Струмица, Кавадарци и Куманово

АМБИКОН заврши со мерењето на квалитетот на воздухот во Струмица, Кавадарци и Куманово

Штип, 23 декември 2023 (МИА) - По три дена загаден воздух во Штип, од попладнево ПМ честитчките се намалуваат и на мерната станица на зградата на Општина Штип покажува дека ПМ честичките  се доближуваат  до 50 микрограми на метар кубен. Оваа мерна станица е на лабараторијата АМБИКОН на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип. Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски, кој раководи и со лабараторијата АМБИКОН е вклучен и во проектот на УНДП и Шведска, со кој се мери загаденоста на воздухот во Струмица, Кавадарци, Куманово, Струга и Гостивар. Мерењето за оваа зима завршило во три општини.

- Се мерат внатрешните концентрации во училиштата и градинките. Во три градови завршени се мерењата во зимската сезона, во Струмица, Кавадарци и Куманово, а во моментот мериме во Гостивар. После распустот ќе ни остане уште Струга, за зимската сезона, рече  Мираковски.

Шведска и УНДП за имплементација на овој проект издвоија 2,3 милиони евра преку кој со софистицирана опрема на лабораторијата АМБИКОМ се мери квалитетот на амбиенталниот воздух надвор и во затворени простории во петте општини. Под притисок врз индустријата и промената на начинот на греење во домовите, од 2012-та година па наваму, резултатите од мерењата покажуваат дека опаѓа концентрацијата на ПМ честички во воздухот, но процесот се одвива многу споро и ќе бидат потребни повеќе години за да имаме квалитетен и чист воздух. вдј/лв/

Фото: МИА 

Остани поврзан