• четврток, 26 декември 2024

Амбер Хард сѐ уште не ги донирала седумте милиони долари од разводот со Џони Деп

Амбер Хард сѐ уште не ги донирала седумте милиони долари од разводот со Џони Деп
Лос Анџелес, 8 јануари 2021 (МИА) - Амбер Хард сѐ уште не ги подарила седумте милиони долари во хуманитарни цели, како што самата вети во 2016 година, соопшти адвокатскиот тим на Џони Деп. Глумицата ги доби парите по добивањето на судскиот спор против поранешниот сопруг, како дел од спогодбата при разводот. Адвокатите на Деп соопштија дека ќе го искористат тоа на следната тужба на глумецот против неа. Адвокатката на Хард, Илејн Бридхофт ги потврди наводите. - Амбер веќе е одговорна за седумцифрената сума наменета за хуманитарни цели и има намера да продолжи да придонесува и на крај да го испочитува својот долг. Сепак, Амбер мораше да го одложи тој потфат бидејќи г-дин Деп покрена тужба против неа, и следствено на тоа, таа беше принудена да потроши милиони долари во одбрана на лажните обвинувања на г-дин Деп против неа, изјави Бридхофт. Следниот судски процес за клевета, каде што Деп ја тужи Хард за напис во „Вашингтон пост“ од декември 2018 година, е закажан за септември годинава, овојпат во САД. си/гт/

Остани поврзан