Амбасадорот Тупанчевски ќе ги посети повредените од пожарот во Кочани кои се префрлени во Србија
- Во Амбасадата во главниот град на Србија е отворена книга на жалост.

Белград, 17 март 2025 (МИА) – Maкедонскиот амбасадор во Белград, Никола Тупанчевски денеска ќе ги посети повредените во пожарот во Кочани кои се префрлени во Ургентниот центар во Белград и во Воено-медицинската академија, јави МИА од Белград.
Во Амбасадата во главниот град на Србија е отворена книга на жалост. Од вчера голем број граѓани палат свеќи пред македонската Амбасада.
Во поширокиот дел од центарот на Белград се поставени знамиња на Република Северна Македонија и на Србија, јави МИА од Белград.
Во Ургентниот центар во Белград ноќеска се примени 9 повредени лица од пожарот во дискотека во Кочани, од кои две се на Интензивна нега, а едно е со повреди исклучително опасни по живот.
На ВМА во Белград од Скопје синоќа се префлени тројца пациенти со авион на Армијата на Србија. зш/
Фото: МИА архива