• среда, 18 декември 2024

Амбасадорот на Јапонија Казуја Оцука во работна посета на Неготино

Амбасадорот на Јапонија Казуја Оцука во работна посета на Неготино

Неготино, 3 декември 2024 (МИА) – Амбасадорот на Јапонија Казуја Оцука денеска беше во работна посета на Неготино, информираа од кабинетот на неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.

– На средбата присуствуваше и директорот на ЈЗУ Здравствен дом Неготино Љупчо Пасинечки. Амбасадорот беше запознат со реализираните проекти и активности со кои како локална самоуправа се придонесува за создавање подобри услови за живеење на сите граѓани на општината, се искажа и благодарност до Амбасадата на Јапонија и јапонскиот народ за финансиската поддршка преку која се реализирани два значајни проекти во општината, во вредност од околу 100.000 евра, соопштија од кабинетот на Стојанов.

Во вториот дел од работната посета престојувале во Здравствен дом Неготино, каде што амбасадата на Јапонија донирала дигитален рендген апарат за подобрување на опременоста на институцијата и подобрување на дијагностичките можности.

– Со неговата иновативна технологија и прецизност ќе се овозможи побрза, поточна и поефикасна дијагностика и понатамошен третман на пациентите. Беше потенцирано силното партнерство и меѓусебно почитување меѓу народот на Македонија и Јапонија со надеж дека преку заеднички вредности, напори и проекти ќе продолжиме да градиме поздрава и понадежна иднина, додадоа од кабинетот на Стојанов. свд/ир/

Фото: Општина Неготино

Остани поврзан