• четврток, 12 февруари 2026

Амбасадорот на Италија, Паоло Палминтери, во посета на Гостивар

Амбасадорот на Италија, Паоло Палминтери, во посета на Гостивар

Гостивар, 6 февруари 2026 (МИА) - Амбасадорот на Република Италија во Северна Македонија, Паоло Палминтери, денеска беше во посета на Општина Гостивар и се сретна со градоначалникот Ваљбон Лимани.

На средбата амбасадорот Палминтери ја потврди постојаната поддршка на италијанската држава за Северна Македонија и беше потенцирано зајакнувањето на соработката со Општина Гостивар. Амбасадорот пројави интерес за придонес во процесот на образованието и вклучување на италијанскиот јазик во училиштата во земјата како мост на поврзување меѓу двете земји.

Палминтери посочи дека улогата на иселениците што живеат и работат во Италија е значајна и дека тие станале значаен дел од италијанското општество и даваат голем придонес во економијата, спортот и културата.

Домаќинот на средбата, градоначалникот Ваљбон Лимани, изрази благодарност за посетата и поддршката од Италија. Во разговорот тој го информира амбасадорот за актуелните случувања во Општината, функционирањето на администрацијата по последните локални избори и за предизвиците со кои се соочува локалната самоуправа.

По средбата, двајцата оценија дека ова е важен чекор кон продлабочување на меѓуинституционалната соработка и зајакнување на пријателските односи меѓу двете земји.згм/са/

фото МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан