Амбасадорот на БиХ, Јаќимовиќ во посета на Бигорски манастир
- Во посета на Бигорскиот манастир денеска престојуваше амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ.
Дебар, 5 август 2023 (МИА) - Во посета на Бигорскиот манастир денеска престојуваше амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ.
Свештената Бигорска Обител на Светиот Јован Крстител, денеска ја посети Амбасадорот на Република Босна и Херцеговина во Република Северна Македонија, неговата екселенција Драган Јаќимовиќ, заедно неговата сопруга Гордана Јаќимовиќ, информираа од манастирот.
- Почитуваните гости беа срдечно пречекани од нашиот возљубен Старец, епископот Антаниски г. Партениј, со кого споделија пријатни разговори и духовни искуства. Гостите потоа ги разгледаа манастирските објекти, се запознаа со историјата на храмот и Обителта, како и со манастирската мисија, додаваат од манастирот.
Заедно со амбасадорот биле и дописникот за весникот „Политика” од Република Северна Македонија, Жељко Шајн и неговата сопруга Снежана Шајн.
Гостите биле воодушевени од убавината на манастирот кој сместен во пазувите на планината Бистра повеќе од илјада години гордо опстојува и говори за постоењето на православието на овие простори. вт/ев/
ФОТО: Бигорски манастир