• недела, 24 ноември 2024

Амбасадорка на САД во Софија: Борбата против корупцијата е важна за членството на Бугарија во НАТО

Амбасадорка на САД во Софија: Борбата против корупцијата е важна за членството на Бугарија во НАТО
Софија, 13 мај 2021 (МИА) - За време на меѓународната конференција на Атлантскиот клуб во Бугарија „Ние сме пред иднината: Подготовки за НАТО 2030 година“, американската амбасадорка во земјата Херо Мустафа ја истакна борбата против корупцијата како многу важен елемент. Како што јави дописникот на МИА од Софија, пренесувајќи ја изјавата на амбасадорката, борбата против корупцијата е директно поврзана со позицијата на Бугарија како стабилна членка на НАТО на југоисточното крило на Алијансата. - Гледаме како различните инфраструктурни проекти нудат средина за коруптивни практики. Затоа Бугарија мора да го искористи моментот и да ги направи јавните набавки транспарентни, да ја зајакне контролата над државните компании и да го подобри спроведувањето на законот. Целта е да се направи сè за јавното добро, рече американската амбасадорка во Софија. Според Херо Мустафа, Бугарија и регионот на Црното Море треба да ги искористат подобрените можности за поврзување во областите на безбедноста, енергетиката и инфраструктурата. Тоа, според американската амбасадорка во Бугарија, бара „паметни инвестиции“, силна политичка координација и соработка. нк/ссм/

Остани поврзан