• среда, 13 ноември 2024

Амбасадорката Брнз ќе ѝ го предаде американското знаме на Шекеринска за соработката во одбраната

Амбасадорката Брнз ќе ѝ го предаде американското знаме на Шекеринска за соработката во одбраната
Скопје, 12 јануари 2022 (МИА) - Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз денеска на министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе ѝ го предаде американското знаме како знак на заслуги за одбранбената соработка меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.

- Доделувањето на американското знаме кое се вееше на зградата на Амбасадата на САД во Скопје претставува симбол на исклучителните достигнувања во одбранбената соработка и односите меѓу двете земји во изминатите четири и пол години, велат од Министерството за одбрана.

Најавени се обраќања на министерката Шекеринска и амбасадорката Брнз, а настанот ќе се одржи во согласност со протоколите од Ковид-19. бак/

Остани поврзан